Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

Со доделувањето на наградите и со концерт на Добрила и Дориан дуо во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Напладне жирито во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора, на прес-конференција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја соопшти одлуката за најдобрите остварувања и за најдобрата театарска претстава во целина на годинашниов Фестивал. Годинава прв пат и публиката гласа и ќе биде соопштено која претстава, според неа, е најдобра.

Во конкуренцијата за награди се претставите: „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а во изведба на Драмски театар, „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска на Прилепскиот театар, „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, во продукција на Албански театар од Скопје, „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, „Црна Дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во продукција на ЦК „Антон Панов“ од Струмица, „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, на Ц.К. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, во продукција на Македонскиот народен театар, „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, на Турски театар од Скопје, „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани на Народниот театар од Битола, „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија и претставата „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Театар за деца и младинци од Скопје.

Од 7 до 14 јуни Фестивалот понуди богата програма, а мотото е „Промени се, промени сѐ“. Се одиграа 11 претстави во официјалната и уште 5 во придружната програма. Имаше промоции на театарска и театролошка литература, разговори за одиграните претстави, работилници, театар за деца, а сето тоа предизвика голем интерес кај публиката. Автор во фокусот беше Горан Стефановски кому му беше посветен и еден фестивалски ден.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот