МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Од:

36 годишна жена од Кратово е уапсена откако со нож ги нападнала и избодела сопругот и свекорот. Обајцата починале од здобиените повреди. МВР со официјални информации за настанот.

“На 13.06.2024 во 22.08 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. “ велат од МВР.

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Напад во Австралија: Тројца убиени, напаѓачот е во бегство

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Го уби татко му затоа што му го зема нинтендото

А1он

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он

Екс корзикански националистички лидер убиен на погребот на мајка му

А1он

Татко ја уби ќерката (18) поради „погазена чест“ – избега во Сирија, а синовите му се во холандски затвор

А1он