Шолц: Богатите земји остануваат посветени на Украина, планот на Путин не успеа

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека договорот на Г7 за искористување на замрзнатите руски профити во вредност од околу 50 милијарди долари покажува дека „богатите индустриски држави остануваат посветени на Украина и две години по почетокот на војната“.

„Ова е многу јасна посветеност што треба да ги охрабри Украинците да го направат она што е неопходно за да ја одбранат својата независност и суверенитет“, рече Шолц, според Ројтерс. Тој додаде дека договорот е „јасен сигнал“ за рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека неговиот план да чека да заврши поддршката на меѓународната заедница за Украина не успеа. Ова е многу историски чекор што го правиме денес“, изјави Шолц.

Самитот на Г7 беше отворен денеска во Борго Егнација, во јужна Италија, на кој лидерите договорија заем за Украина, а утре папата Франциско ќе присуствува на состанок за вештачка интелигенција.

Би можело да ве интересира

Непопуларниот германски канцелар е избран од партијата да се кандидира за втор мандат

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Разговараа Трамп и Шолц

Катерина Ѓуровски

Шолц го повика Иран да го прекине „циклусот на ескалација“ по израелските напади утринава

А1он