Синот го запалил татко му додека спиел, па се забарикадирал во станот во Хамбург

Од:

Драматичните сцени се случиле во четвртокот вечер во станбена зона во Хамбург. Според медиумите, германската полиција убила маж откако тој отворил оган врз нив. Тој е осомничен дека пред тоа го запалил татко му во станот.

Во четвртокот вечерта околу 11.35 часот жители на Згарда во Хамбург повикале полиција поради „маж кој се однесува ненормално“.

Истовремено била информирана и противпожарната единица која му пружила помош на таткото на напаѓачот поради тешки изгореници.

Како што пренесува Билд, постои сомневање дека синот го запалил татко си додека спиел. На несреќниот маж му била укажана помош на лице место, по што бил пренесен во болница.

Во меѓувреме синот се забарикадирал во станот. Кога полицијата се обидела да го уапси, тој вооружен се појавил на терасата и испукал неколку куршуми во правец на полицијата.

Патролите веднаш побарале поддршка, а пристигнале и силите за специјални операции. Кога пристигнале на местото на настанот, мажот повторно отворил оган кон полицијата. Службениците за специјални операции пукале кон мажот и го погодиле. Според полицијата, напаѓачот на лице место им подлегнал на повредите. Никој од полицајците не е повреден.

Засега не е познато што го навело синот да го запали татко му, ниту пак е позната состојбата на жртвата.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Шериф е обвинет за убиство на судија во судот во Кентаки

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски