Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

Од:

Екстремниот топлотен бран со температури кои достигнуваат и над 43 степени Целзиусови, прашина од Сахара и висока влажност создаваат многу непријатна атмосфера во големи делови на Грција, пренесуваат грчките медиуми. Грција го затвори за туристи древниот Акропол, ги затвори училиштата и стационираше медицински лица низ Атина, поради првиот топлотен бран ова лето.

Се очекува температурите да достигнат 43 степени Целзиусови поради јужните ветрови кои носат топол воздух и прашина од Северна Африка.

Во исто време, ризикот од шумски пожари е многу висок, со што државата е ставена во состојба на висока готовност.

Центарот на грчката престолнина Атина, според грчките медиуми, изгледа напуштен со неколку продавници кои се затвораат веќе наутро.

Грција е една од најпогодените европски земји од климатската криза. Минатата година, зголемените температури предизвикаа смртоносни шумски пожари, а непредвидливите дождови предизвикаа стравотни поплави.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната