Бројот на жртвите од поплавите и лизгање на земјиштето во Мексико достигна 130 лица, откако уште осум тела биле откриени под одроните од земја.
Властите соопшптија дека телата биле пронајдени во градот Акатепек во државата Гереро, кој е најтешко погоден од тропската бура Мануел.
Војници и спасувачки екипи продолжуваат да трагаат по затрупани луѓе во најголемото лизгање на земјиштето, кое целосно го уништило селото Ла Пинтада. Се претпоставува дека таму загинале 68 лица.
Бурата Мануел ги предизвика повеќето несреќи во Мексико минатата недела, кога земјата беше силно погодена и од ураганот Ингрид.