Поминаа точно илјада дена откако на девојчињата во Авганистан им беше забрането да одат на училиште, поради што Агенцијата за деца на ОН (УНИЦЕФ) ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште.
„За 1,5 милиони девојчиња исклучувањето од системот не само што е јасно прекршување на нивното право на образование, тоа резултира со намалени можности и им штети на нивното ментално здравје“, рече директорката на УНИЦЕФ Кетрин Расел.
Таа апелираше до Талибанците да им дозволат на девојчињата да се вратат на училиште, нагласувајќи дека ниту една земја не може да напредува ако половина од населението е необразовано, пренесува АП.