Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во областа, во шумата во Зигенсдорфберг, додека имало мајка со две деца и нивни другари, дошло до лизгање на земјиштето. Две деца беа закопани, а, за жал, не успеаја навреме да спасат едно момче.
Се работи за петгодишно дете. Второто закопано дете е пренесено во болница со хеликоптер, а останатите две деца се неповредени.
Во акцијата за спасување на лице место учествувале повеќе од 100 пожарникари, неколку спасувачки хеликоптери и полициско куче.
Поради обилните дождови, во областа се забележани стотици одрони.