МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

Од:

Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, соопшти Министертството за образование и наука во врска со високите температури во земјава и обврската на основците до 17 јуни да следат настава од учебната 2023/2024 година.

Во соопштение до медиумите, МОН наведе и неколку препораки за заштита на учениците од топлото време – училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, учениците да се поттикнуваат и да им се овозможи да консумираат поголемо количество вода и за време на училишниот ден да не консумираат масна и храна што содржи поголемо количество шеќери.

-Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија, информираше Министерство за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени

Топло време, приквечер се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

Денеска ќе биде сончево и топло

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија