Лидл купи имот од Скопски пазар во општина Гази Баба

Од:

Лидл Северна Македонија ДООЕЛ Скопје купи имот на „Скопски пазар“ АД Скопје во Општина Гази Баба кај локацијата на поранешен Бриколаж за 9.564.485 евра.

За зделката информира Скопски пазар согласно Глава 6 од Правилата за котација на Берзата.

Како предмет на големата зделка е наведена продажба на недвижен имот евидентиран на КП 1306/1 и КП 1306/2 КО Гази Баба и соодветно запишани на имотен лист 8882 КО Гази Баба и имотен лист 1077 КО Гази Баба. Вредноста на зделката е во апсолутен износ од 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без вклучен ДДВ), а релативен износ од 19,30 проценти во однос на вредноста на имотот на друштвото, односно 25,04 проценти од вредноста на капиталот и резервите на друштвото определени врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото.

– Цената соодветствува со пазарната вредност на таков тип на зделки, наведува Скопски пазар во објавата.

Надзорниот одбор на Скопски пазар ја донел одлуката за големата зделка на 18 април годинава.

На локацијата што е продадена од неодамна се одвиваат подготвителни градежни активности.

Лидл стартуваше со инвестиција во државава на 24 јануари годинава со изградба на логистичко-дистрибутивен центар во индустриската зона Речица. Најавената инвестиција за логистичкиот центар е 80 милиони евра и треба да отвори повеќе од 150 работни места.

Би можело да ве интересира

Започна да се гради првиот „Лидл“ маркет во Скопје

Анита Петровска Рајковиќ

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Димитриевски: Лидл е најголемата инвестиција во Куманово, се очекуваат над 150 вработувања во општината

А1он

Почна изградба на логистичко-дистрибутивен центар „Лидл“

А1он

Ковачевски: Македонија станува дел од „Лидл“ семејството

„Лидл“ ги почнува активностите за изградба на логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона „Речица“