Билансот на жртвите од земјотресот во Пакистан се искачи на 208

Од:

Во силниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди западната пакистанска провинција Белуџистан, според најновите податоци на локланите власти, загинале најмалку 208 лица, а 373 други се повредени.

Пакистанските власти соопштија дека  сите жртви се од градот Аваран, каде што беше и епицентарот на потресот, или од неговата околина.

Според локалните медиуми, во Аваран речиси и да нема објект што не е оштетен, а околу 30 проценти од зградите и куќите се урнати.

Земјотресот, кој бил почувствуван и во индискиот главен град Њу Делхи., бил на длабочина од десет километри под површината на земјата.

По земјотресот во крајбрежјето на Пакистан дојде до невообичаена појава, кога од водите на Арапското Море „изникна“ нов остров. Островот е висок меѓу шест и девет метри и се наоѓа на оддалеченост од околу 350 метри од брегот.

Сеизмологот Захид Рафи оцени дека оваа појава и не е толку изненадувачка, имајќи ја предвид јачината на потресот.

Ова е втор посилен земјотрес во Пакистан оваа година по оној во април што го погоди југозападниот дел на земјата, при што загинаа над 40 лица. Досега најкатастрофалниот познат земјотрес во историјата на Пакистан се случи во 2005 година кога загинаа 74.000 лица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди југот на Италија