Бајден по пресудата: „Горд сум на мојот син“

Од:

Претседателот Џо Бајден се огласи откако неговиот син Хантер Бајден беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението дека не пријавил дека употребува дрога кога купил револвер во 2018 година.

„Ја прифаќам одлуката на судот, но сепак сум горд на мојот син“, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден откако судот го прогласи неговиот син Хантер за виновен.

„Како што реков минатата недела, јас сум претседател, но исто така сум и татко. Џил и јас го сакаме нашиот син и многу сме горди на човекот што тој е денес“.

„Ние секогаш ќе стоиме со Хантер. Ќе го прифатам исходот од овој случај и ќе го почитувам судскиот процес“, додаде претседателот Џо Бајден.

Хантер Бајден сега се соочува со 25 години затвор и парична казна од 750.000 долари. Медиумите јавуваат дека за првпат прекршителите ретко добиваат затворски казни.

Против синот на актуелниот американски претседател беше поднесена пријава поради пиштолот што го поседуваше 11 дена. Бајден незаконски купил „Колт кобра“ во октомври 2018 година. Набавката не е направена законски бидејќи Хантер дал лажна изјава на продавачот дека не е корисник на дрога, иако во тој момент користел наркотици.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски