„ИзиЏет“ ќе ја прекине авиолинијата меѓу Женева и Скопје

Од:

Нискобуџетната компанија „ИзиЏет“ (EasyJet) планира да ги прекине операциите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25, со што ќе заврши тригодишната континуирана услуга на македонскиот главен град, пишува „Екс ЈУ авиејшн“.

Авиокомпанијата, како што стои во објавата, го закажала својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември, а продажбата на билетите е прекината.

„ИзиЏет“ влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година и е единствениот оператор меѓу Женева и Скопје. Релацијата Скопје-Женева во тековната летна сезона ја опслужува двапати неделно, а претходниот летен период имаше по четири лета.

Би можело да ве интересира

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Пилот пријавил дека во авионот има бомба, принудно слетал на аеродромот во Подгорица

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд