Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Од:

Француските левичарски опозициски партии најавија дека заеднички ќе номинираат кандидати на предвремените парламентарни избори подоцна овој месец за да се спротивстават на владата на претседателот Емануел Макрон и екстремно десничарското движење на Марин Ле Пен.

Како што објави Ројтерс, социјалистите, зелените, комунистите и екстремно левичарската партија ЛФИ („Неосвоена Франција“) повикаа во заедничка изјава за „алтернатива на Макрон и борба против расистичкиот проект на екстремната десница“.

Партиите најавија дека во првиот круг од изборите на 30 јуни ќе поддржат заеднички кандидат во секоја изборна единица.

Партиите на левицата соработуваа и претходно, но во последните две години имаше разидување на ставовите, вклучително и различни ставови за војните во Украина и Газа.

По тешкиот пораз на неговата партија на изборите за Европскиот парламент во неделата, Макрон најави предвремени избори и го распушти Националното собрание.

Првите анкети за парламентарните избори покажуваат предност за партијата Национален митинг на Марин Ле Пен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД