Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

Од:

Европската народна партија на европските избори ќе освои 184 пратенички мандати, односно шест повеќе отколку што имаше претходното, додека либералите и зелените ќе бидат малцинство, гласи проекцијата на редакцијата на „Избори Европа“, врз основа на оценката од изборните резултати кои вклучуваат шест од 27 држави во кои гласачките места се затворени.

Социјалистите и демократите можат да се надеваат на бројка од 136 пратенички места во Европскиот парламент, односно четири помалку од претходно, додека либералите ќе имаат 14 места помалку, односно 88 места во групата „Да ја обновиме Европа“.

Европските конзервативци можат да сметаат на уште пет мандати или 73 пратеници, а групата „Идентитет и демократија“ на 67 пратеници, односно осум повеќе од претходно.

„Зелените“ се меѓу најголемите губитници кои ќе имаат 16 пратеници помалку од претходно, односно 56.

Левица ќе има еден пратеник помалку, односно 36, а најголем број има кај оние кои не припаѓаат на ниту една пратеничка група – 80 или дури 31 пратеник повеќе од претходното свикување на Европскиот парламент.

Европскиот парламент ќе има 720 пратеници. На изборите, мнозинството земји од ЕУ гласаат денеска, додека некои веќе гласаа во петокот и саботата.

Би можело да ве интересира

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Кос: На крајот од мандатот би сакала да го видам Западен Балкан во ЕУ