Тројца политичари на АфД нападнати во Германија

Од:

Тројца политичари од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) беа нападнати во два одвоени инциденти во саботата во Германија. Двајца градски советници на АфД беа нападнати од маскирани напаѓачи пред кафуле во центарот на Карлсруе.

Тие се полесно повредени. Досега полицијата приведе пет лица и ги ослободи откако им ги зеде личните податоци. Останатите осомничени сторители побегнале од местото. АфД соопшти дека градските советници биле нападнати со бејзбол палка. Полицијата ниту потврди ниту демантираше.

Според АфД, нападот бил поттикнат од радикалната лева сцена. Претходно во саботата, 70-годишниот Ханс-Јирген Зиклер, член на АфД во покраинскиот парламент во Саксонија, бил удрен во лицето од маж на информативна кабина во Дрезден, соопшти партијата.

Полицијата во Дрезден го потврди инцидентот. Против осомничениот напаѓач кој има 47 години е поднесена кривична пријава. Германија во изминатите неколку месеци беше погодена од напади врз политичари од целиот политички спектар.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче