Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот

Од:

Неготинец е лишен од слобода бидејќи не почитувал судска забрана и им се заканувал на мајка си и братот, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го уапсиле М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен брат, според која тој не го почитувал решението од Основен Суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, па дошол во домот и им упатил закани на пријавителот и нивната мајка, појаснија од СВР Велес.

Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Штипјанец и се заканувал на вонбрачната партнерка