Шестмина фински државјани обвинети се денеска дека и помагале на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб со доставување пари, регрутација на нови членови и се занимавале со трговија со луѓе кои ги испраќале во Африка на обука за терористилчки акции.
Приведени се четворица мажи и две жени со постојан престој во Финска, на кои им е забранет излез од државата.
Според полицијата, тие обвинувања не се поврзани со нападот во трговскиот центар во Најроби, за кој одговорност презеде Ал Шабаб туку во врска со истрага од пред четири години.