Украина добива нови борбени авиони од Макрон: САД не испраќаат Ф-16, на Зеленски му е доста

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера за време на прославата на Денот Д најави дека ќе испрати нови борбени авиони во Украина. Американскиот претседател Џо Бајден, украинскиот претседател Володимир Зеленски и други светски лидери присуствуваа на комеморацијата на 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија.

„Утре започнуваме нова соработка. Во Украина ќе испратиме борбени авиони Мираж 2000-5 од францускиот производител Дасо. Ќе обучуваме и украински пилоти во Франција“, изјави вчера Макрон, пренесува Newsweek.

Францускиот претседател додаде дека украинските власти, вклучително и Зеленски, побарале од сите сојузници дополнителна помош во војната против Русија пред околу 48 часа. „Ние не сакаме ескалација, но мир може да се постигне само ако Киев може да се одбрани. Ние стоиме покрај Украина и нема да ја изневериме“, додаде тој.

Борбените авиони Мираж 2000-5 се повеќенаменски едномоторни авиони. Во директна воздушна борба, Mirage 2000 е значително поагилен од F-16, а тоа значи огромно мнозинство потенцијални противници. Мираж 2000 ја продолжува традицијата на Дасо за борбени авиони со делта крила.

Овој авион е лесен за одржување бидејќи се придвижува од еден мотор SNECMA M53-P20, доволно моќен за максимална брзина од 2336 km/h (2,2 мах) и на ниво на морето 1110 km/h (1,2 мах). За задачи за воздушна борба, може да биде вооружен со наведувани ракети MICA, Matra R550 Magic-II и Matra Super 530D.

„Ова е интересен пресврт од долгогодишната позиција „Ф-16 само за Украина“. Разбирам зошто решија да го сторат тоа“, рече пензионираниот полковник на американските воздухопловни сили Џефри Фишер.

„Искрено, администрацијата на Бајден ја забави испораката на Ф-16 до тој степен што на Зеленски му беше доста и е подготвен да го преземе ризикот да користи други борбени авиони“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски