ВРЕДИ за Ахмети: Зошто коленичи да влезе во влада со тие што ги обвини дека работат за Путин

Од:

Ахмети е поразен на 8 мај и сега доаѓа ново поглавје во политичката историја на Албанците во Северна Македонија. Таа нова историја ќе ја пишува ВЛЕН како победници во чисто албанскиот политички кампус. Времето на 22 години режим на ДУИ два пати со СДСМ и еднаш со ВМРО-ДПМНЕ конечно заврши, реагираат од ВЛЕН.

Партиите кои раководат со Албанските општини како Тетово, Гостивар, Чаир најмалку може да се слаби или неподготвени. Жалиме што Ахмети се мачи да ја прифати реалноста дека ќе биде опозиција. Добро би било да објасни на своите гласачи дали е точно дека на Мицкоски му понудил да избере само 4 министерства кои би му ги дал на целиот Европски фронт без собраниски спикер, за да влезат во неговата Влада наместо ВЛЕН?

Да видиме кои се тие кои без срам и перде коленичат да влезат во Влада токму со оние кои во кампањата ги обвинија дека работат за Путин и Русија? Искрено сметаме дека Али Ахмети треба да престане да си го руши и тоа малку што остана од митот за неговиот лик и дело од 2001, после аферите со “Соравија” и казино бизнисите. Недозволиво е еден човек кој пред 25 години се борел за правата на Албанците, сега да предизвикува омраза меѓу Албанците само за да обезбеди амнестија за своите корумпирани функционери. Срамно е, понижувачки е! Не е ништо страшно да се биде опозиција. Нека се реформираат, нека се прилагодат на модерното време на 21 век и бујрум нека чекаат шанса на следните избори. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ, соопштуваат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Влен: Гарантираме дека навредливиот термин „20 отсто“ ќе биде отстранет

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Влен: Здравјето ќе се излечи, но не и менталитетот на ДУИ

Горан Наумовски

Вреди: Го ослободуваме правосудството од канџите на ДУИ

Предвремени парламентарни заедно со локалните избори е решението за кризата со легитимитетот му рекол Ахмети на Рокас