На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Од:

Членовите на Комисијата за избори и именувања на денешната седница го прифатија барањето на поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија што тој го доставил до Собранието на 15 мај.

На 29 пратеници од минатиот состав денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски.

Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.

Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.

Десет членови на Комисијата гласаа „за“ остварување на правото на апанажа на поранешните пратеници, а против гласаше само пратеникот на Левица Борислав Крмов.

Сајкоски информираше дека потпишал барање за престанок на апанажа на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Сапсовски, кој стана пратеник, и за Весна Бендевска, која исто така стана пратеничка, а претходно беше претседателка на Комисијата за антидискириминација.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани