Сноуден не смее на улица, ниту маскиран

Од:

Поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден живее на тајна адреса во Русија и е под постојано обезбедување, но и покрај тоа се наоѓа во опасност, изјави неговиот адвокат, Анатолиј Кучарена.

-Јас сум неговата единствена врска со надворешниот свет. Тој избегнува контакт со медумите, па дури и неговите родители преку мене контактираат со него-додаде тој.

Изнесувајќи ги деталите за тоа како Сноуден го поминува времето, неговиот адвокат наведе дека не може слободно да шета по улици, а напрадува и во учењето руски јазик.
Според зборовите на Кучарена, поранешниот службеник на НСА, ниту еднаш не зажалил поради тоа што го направи.

Тој најави дека родителите на Сноуден наскоро може да дојдат во Русија, за да го посетат, но преупреди дека семејната посета може да ја загрози неговата безбедност, бидејќи како што вели американската известувачка служба може да открие каде се наоѓа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска