Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Од:

Холандија дава 24 ловци Ф-16 на украинските воздухопловни сили за да ги користат против цели во Русија, изјави денеска холандската министерка за надворешни работи Ханке Бруинс Слот, пренесуваат холандските медиуми.

Таа за АНП додаде дека за оваа одлука не е потребно одобрение од Соединетите Американски Држави, а употребата на авиони не е ограничена само на границата кај Харков, како што е случајот со американското оружје.

Авионот Ф-16 е американско производство, така што САД имаат влијание врз одлуките за неговата употреба и долго време ја прекинаа испораката на Ф-16 на Украина, посочуваат холандските медиуми.

– Но, ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не беа дискутирани – рече Бруинс Слот.

Украина очекува да добие 30 белгиски Ф-16, но може да ги користи само против цели во Украина, бидејќи тоа се услови поставени од Белгија.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел