Во текот на овие три децении, Албанците во Република Северна Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори (без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери) велат од Алијанса за Албанците.
– Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-вЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства. Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ. Нема ресор Министерство за интеграции – не постои. Нема ресор Министерство за политики за добро владеење – не постои. Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф, се вели во реакцијата од Алијанса.