63-годишник загина во сообраќајка во битолско, со автомобилот излетал од пат

Од:

63-годиник од битолското село Средно Егри го загуби животот вчера во сообраќајна несреќа. Загубил контрола над возилото и излетал од патот. Починал на лице место. Смрт констатирал лекар од Итната помош.

– На 31.05.2024 во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од с.Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок