Поддршка за планот на Бајден за Газа: „Да ја завршиме оваа војна“

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поддржа новиот предлог за запирање на војната во Газа, претставен од американскиот претседател Џо Бајден синоќа, а Хамас потоа сигнализираше негово одобрување.

Бајден претстави план кој предлага шестнеделен прекин на огнот, преговори за условите за траен прекин на непријателствата и обнова на Газа. Палестинската милитантна група Хамас подоцна објави дека позитивно гледа на содржината на предлогот.

„Генералниот секретар со месеци повикува на прекин на огнот, целосен и непречен хуманитарен пристап и итно и безусловно ослободување на сите заложници држени во Газа“, изјави портпаролот на Гутереш Стефан Дујариќ. „Генералниот секретар силно се надева дека тоа ќе доведе до договор меѓу страните за постигнување траен мир“, додаде тој.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок исто така го поздрави новиот предлог.

„Израелскиот предлог што Бајден го повтори и потврди денеска е трошка надеж и отвора излез од војната“, најави таа и нагласи дека „сега останува на Хамас да ја докаже својата посветеност за ставање крај на конфликтот“.

„Секој нов ден со заложници во рацете на терористите на Хамас е еден ден премногу. Секој нов ден кога умираат палестински цивили во Газа е еден ден премногу“, напиша таа на платформата X.

Нејзиниот британски колега, Дејвид Камерон, најави дека Хамас „мора да го прифати“ предлогот за новиот договор. „Како што веќе долго време кажуваме, прекинот на непријателствата може да се претвори во траен мир доколку сите сме подготвени да ги преземеме вистинските чекори“, рече тој.

„Да го искористиме овој момент и да ставиме крај на оваа војна“, напиша британскиот министер кој минатата недела повика на истрага за израелските воздушни напади врз Рафах.

Би можело да ве интересира

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

Нетанјаху потврди: Подготвен сум да се договорам со Хамас, сега одиме на Либан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Хамас: Никој не знае колку израелски заложници се уште се живи