Претседателката на Уставен суд, Добрила Клацарска добивала закани речиси секоја недела, тоа траело неколку години, но пред извесен перид решила да пријави затоа што заканите зачестиле. Кацарска ова го кажа денеска на прес конференцијата посветена на завршувањето на нејзиниот претседателски мандат.
-Oва се закани кои што ги пријавив, но јас трпам закани неколку години наназад. Нема недела да помине, а да не добијам закана. Бев и физички нападната, но никогаш не пријавував бидејќи сметав дека се работи за изолирани случаи. Не сакав да ја оптоварувам јавноста, ниту органите на прогон, но со оглед дека зачестија, затоа се решив да пријавам. Не знам дали би продолжиле заканите, рече Кацарска одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Пред речиси две недели, судијката пријави во полиција дека пред нејзината подземна гаража во центарот на Скопје пронашла импровизиран кревет и нож. На 18 мај, во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд по што интервенирало нејзиното обезбедување.
Акт што ја регулира работата на Уставен суд и начинот на кој граѓаните може да се обратат, зголемен буџет, намалување на бројот на старите предмети, полн капацитет на Уставен суд и зголемена транспаренетност, се дел од активностите кои претседателката на Уставен су, ова се темите кои како постигнувања ги потенцираше Караска на прес конференцијата, а кои ги смета како клучни придобивки во нејзинит тригодишен мандат кој завршува на 2 јуни.
Нејзиниот наследник, според најавата од Уставен, треба да биде избран утре од редовите на судиите.
На прашањето што очекува од нејзинито наследник, таа рече дека очекува Судот и понатаму да биде ажурен, да постапува по сите предмети без разлика од кого е поднесена иницијативата.
– Очекувам да продолжи таму каде што застанав јас, рече таа.
Aктуелни судии во Уставен суд од кои до крајот на месецов некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.