Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието

Од:

Претседателот на ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски пред почетокот на денешната конститутивна седница на Парламентот, изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието.

Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.

– ЗНАМ очекува од овој парламентарен состав многу. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав, рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со разговорите за новата влада, Димитриевски рече дека сѐ уште немаат договорено никакви кадровски решенија.

– За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски