76-годишник од Делчево загина во сообраќајка

Од:

76 годишен возач загина во сообраќајка кај делчевско село Драмче.

На 27.05.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(76) од с.Град, делчевско и патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(33) од Делчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Л., кој од здобиените повреди починал на пат кон болница. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот Н.Д. се здобил со телесни повреди, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Делчево.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Градежен работник загина од струен удар додека работеше на фасада од куќа

А1он

(ВИДЕО) Загина руски генерал кој пред 20 дена доби титула „Херој на Русија“

А1он

(ВИДЕО) Загина уште еден руски генерал

А1он

Млад фудбалер загина синоќа во сообраќајна несреќа

А1он

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он