1408 стари пушки пронајдени во близина на поранешниот гарнизон во Битола

Од:

1408 стари пушки кои потекнуваат од балканските војни се пронајдени при изведување градежни работи во близина на поранешниот гарнизон во Битола соопшти Центарот за управување со кризи.

Оружјето е подигнато и складирано на безбедно од екипи на битолската канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Центарот апелираат до граѓаните доколку случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани бојни средства од минатите војни да не ги допираат и поместуваат, туку само да пријават на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

„Потоа надлежните за Неексплодирани убоити средства (НУС) од Системот за управување со кризи безбедно ќе ги отстранат и неутрализираат, согласно стандардни оперативни процедури“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Активни се два пожара на отворен простор, четири се ставени под контрола

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Денеска активни се девет пожари, а три се под контрола

Активни се седум пожари, а 16 се изгаснати

Горан Наумовски

Денеска активни се осум пожари

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни