Српско хрватска естрадна војна-се вклучи и фудбалер

Од:

По јавното препукување на српската и хрватската пејачка Јелена Крлеуша и Северина, во целата приказна се вмеша и сеуште законскиот сопруг на Крлеуша, екс фудбалерот, а сега тренер, Душко Тошиќ.

Поранешниот фудбалер откри дека ја контактирал Северина да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција. Според него, блиски пријатели му сугерирале дека најдобро би било да ја ангажираат Северина да пее на нивната забава.

Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфорот и сакав да прославам, а моите пријатели од „Whats up“ групата ни предложија Северина да пее за нас. Па, тоа е причината за мојот контакт“, изјави Тошиќ откако Северина ги објави пораките кои и ги праќал.

Војната меѓу двете започна откако ЈК јавно ги осуди изјавите на Северина на тема Сребреница, кои хрватската пејачка ги даде во интервју за време на престојот во Сараево пред две години, односно изјави дека Србија треба да плати отштета на Босна.

За наводното флертување на нејзиниот сопруг и хрватската пејачка Северина Вучковиќ, Јелена имаше краток коментар. Повеќе не ме интересира ништо поврзано со Душко“, изјави Јелена Карлеуша.

„Големо страдање го принудува човекот на мизерија и обесчестување. Јади го тој СНС сендвич и никогаш повеќе да не го спомнувај мојот син“, ѝ напиша Северина по осудата на Јелена за коментарите на хрватската пејачка на темата Сребреница, односно дека со тоа го жигосува и нејзиниот син кој е Србин.

„А ти јади спски *** и не таласај многу. Оти образот не се плаќа ни со сендвичи ни со пари, несреќнице како што ти си навикната. Сигурно маката те натерала кога одиш против својот народ , па затоа си спремна да одиш и против татко ти и син ти да ги наречеш геноцидни!“, ѝ одговори Јелена.

По ова следуваше објавата од страна на Северина на приватната комуникација со Душко Тошиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за Северина: Зборува глупости по цел ден и кому му е гајле за тоа

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

Хрватската пејачка Северина е приведена на српската граница

Горан Наумовски

Карлеуша ја нападна Северина за Сребреница: „Кукло, употреби ја главата за размислување, не само за ботокс

Предраг Петровиќ

Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ повторно го делат старателството над синот

Северина му одговори на хрватскиот претседател: Благодарам за грижата, ама моето дете не е уште полудено

Предраг Петровиќ