Авион се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот. Авионот се урнал во Јеждовац, во близина на цивилниот аеродром. Според последните информации, авионот е лоциран, има една жртвар, а тројца се повредени пишува 24sata.hr.
На местото се излезени пожарникари и служби за итни случаи, како и станиците на ХГСС Загреб и Самобор.
Како што пишуваат хрватските медиуми, авионот што се користел за скокови со падобран е лоциран, а во моментов се пристапува кон жртвите.
– Падна набргу по полетувањето, а тоа беше Цесна – изјави за Јутарњи Марин Лукас, шеф на станицата ХГСС во Загреб.