(ВИДЕО) Вучиќ: Многу ме погоди што Македонија гласаше за Резолуцијата за Сребреница

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ при синоќешното гостување на ТВ Прва го коментираше гласањето на Резолуцијата за Сребреница, но и претставниците на црногорското владејачко мнозинство кои во собраниска процедура го доставија предлогот за резолуција за геноцидот во Јасеновац.

„Црна Гора никогаш нема да донесе закон, резолуција или декларација за геноцидот во Јасеновац. Нема да донесе, тоа го кажаа самите, но сами го кажаа мислејќи дека ќе купат два дена околу Сребреница и тогаш сите ќе заборават на тоа. – убеден е тој Вучиќ.

„Ви кажувам однапред и подготвен сум да се извинам ако не испадне така и најсреќен би се извинил, но за жал нема да има потреба да се извинувам“, продолжи тој. Тој истакна дека „најодвратно му било однесувањето на Црна Гора“ во однос на Резолуцијата за Сребреница.

„Не ме разочараа, затоа што тоа го очекував. Му реков на Спајиќ (на црногорскиот премиер) дека не мора да ме залажуваат, дека знам дека ќе гласаат за. Нема да им испратиме ни протестна нота затоа што гласаа дека сме геноцидни.“ изјави српскиот претседател, пренесува Нова.рс.

Тој изјави дека „посилно го погодила Северна Македонија“. „Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, но тоа не е фер. Испадна дека Грција има повеќе кичма од Скопје, и тоа е точно“, заклучи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он