Во пожар во мала станбена зграда во Ханој, Виетнам рано утринава загинаа најмалку 14 лица, а најмалку тројца се повредени, соопштија локалните власти.
Пожарот избувнал нешто по полноќ во петкатница во која имало станови за изнајмување и продавница за електрични велосипеди, а еден час подоцна бил ставен под контрола, јавува ВНА.
Пожарникарите успеале да спасат седум лица, соопшти Министерството за јавна безбедност.