Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Од:

Другата страна не се придржува ни до основните работи, не ги почитува основните прашања, како што е името на земјата која не се вика Македонија, туку Северна Македонија, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис уште еднаш ги повтори грчките позиции, упати критики до СИРИЗА поради инсистирањето меморандумите да бидат ратификувани во Парламентот и порача дека засега, нема да се случи тоа бидејќи се преговарачко оружје за грчката страна.

-Од моментот кога постојат некои преговарачки оружја што сè уште се на маса, едно е пристапните преговори, пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија што е опишано во едно од трите меморандуми, очигледно не продолжуваш напред, чекаш и бараш од другата страна да ги почитува, прво основните работи, односно како се вика оваа земја. Не се вика Македонија, се вика Северна Македонија, според Договорот од Преспа. Па во продолжение гледаш како ќе продолжиш, рече Маринакис во однос на меморандумите.

Повтори дека иако Нова демократија беше „против лошиот Договор од Преспа“ и гласаше против како опозиција, тогаш објасни дека „ако се изгласа и ратификува ќе треба да се имплементира“.

На новинарско прашање дали официјална Атина ќе преземе конкретни чекори на следниот НАТО самит во јули во случај да не се почитува Договорот од другата страна, Маринакис рече дека не треба да се брза, ќе почекаат да видат како ќе се развиваат работите, но и посочи дека „премиерот има покажано дека не прави ни најмала отстапка во суверените права и националните интереси на земјата“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите