Полска денеска соопшти дека поддржува решение со две држави за блискоисточната криза меѓу Израел и Палестинците, откако Ирска, Шпанија и Норвешка објавија дека ќе ја признаат палестинската држава.
„Ќе ги поддржиме напорите на високиот претставник на Европската унија и другите земји кои веруваат дека е потребно некое долгорочно, стабилно решение“, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека Полска верува дека такво стабилно, долгорочно решение би било постоењето на две држави.