Младеновска: Договорите за вработување на Токсикологија се сметаат за непотпишани, законот не предвидел казна за Иљази

Од:

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор.

– Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки итн. Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање, изјави денеска директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

Најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа.

Би можело да ве интересира

Специјалистите од Детска клиника не дежураат во амбуланта, тоа го прават специјализанти кои издаваат документација во нивно име

Катерина Ѓуровски

Склучувала договори па ретрокативно ислаќала хонорари, пари давала и на луѓе што воопшто не работеле, обвинение за Бесија Иљази

Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

Кривична пријава за Бесија Иљази, екс-директорката на Токсикологија незаконси вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Бесија Иљази храбро се соочи со антиалбанскиот менталитет – Аријанит Хоџа по разрешувањето на директорката на Токсикологија

Катерина Ѓуровски

Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија

Катерина Ѓуровски