ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Од:

Шпанија и Ирска и се приклучија на Норвешка со објави дека официјално ќе признаат независна палестинска држава.

„Денеска ја изразуваме нашата недвосмислена поддршка за еднакво право на безбедност, достоинство и самоопределување на палестинскиот и израелскиот народ“, објави ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин на x.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се уште бомбардира болници и училишта и ги казнува жените и децата со глад. „Постои опасност никогаш да не се постигне решение за две држави. Тоа не можеме да го дозволиме. Имаме обврска да дејствуваме – во Палестина како и во Украина, без двојни стандарди. Мораме да испратиме хуманитарна помош и да им помогнеме на бегалците, но треба да се направи повеќе“, рече тој.

„Ова признавање не е против Израел, не е против Евреите. Тоа не е во корист на Хамас, како што тврдат некои. Ова признавање не е против никого, тоа служи за воспоставување мир“, додаде Санчез.

Објавите на трите држави предизвикаа жестока реакција на Израел кој ги нарече „слуги на Хамас“.

Би можело да ве интересира

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

ВИДЕО: Израел нападна училиште на ОН во Газа, 27 мртви

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Снимка од Газа стана вирална: Со кујнски нож и ја ампутираат ногата, без анестезија

Словенија го одлага признавањето на Палестина

Нетанјаху: Нема да има мир во Газа додека Хамас не биде уништен