ФФРМ почнува со проект за руралното население во пограничните региони

Од:

Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) во соработка со Албанскиот земјоделски совет од октомври започнува со реализација на проект наменет за руралното население во пограничните региони со Албанија.

Проектот насловен како „Почувствувај го здравиот рурален живот“ е финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка со Република Албанија. Целта е да се подобри економската состојба на руралното население во пограничните региони преку нивна меѓусебна соработка, воспоставување тренинг центар во гостиварското село Вруток и промоција на традиционалната храна и руралниот туризам.

Од ФФРМ истакнуваат дека придобивките од проектот се од особена корист за локалното население во пограничните региони, особено за младите и жените фармери, но и за сите граѓани, институции и организации кои работат на развој на земјоделството и руралниот развој.

Свеченото отворање на проектот е закажано за 1 октомври во гостиварското село Вруток каде што ќе биде отворен и едукативниот тренинг центар.

Федерацијата на фармери на Македонија го заврши и проектот „Промоција на интересите на фармерите“ чија цел беше да се создаде организација која ќе биде вистински глас за правата и интересите на фармерите. Проектот се реализираше во соработка со Шведската агенција за развој (СИДА).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

A1on

Холандската влада ќе разговара со фармерите за планот за намалување на емисиите на штетни гасови

А1он

Федерацијата на фармери со барања и препораки пред почетокот на жетвата

Ана Ололовска

НФФ: Да се реализира мерката за активен женски член во земјоделско стопанство и да се зголеми бројот на одобрени апликации од 100 на 400

Ана Ололовска

Националната федерација на фармери бара во пакетот на економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците

Ана Ололовска