ОЈО: Лажна началничка измамила невработени ветувајќи им дека ќе им додели социјални станови

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело измама.

„Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови. На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација.

Парите и ги давале во повеќе наврати, а при последната исплата на 12.500 евра, во близина на полициската станица, била затекната веднаш по предавањето на парите. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице во судот и одземање на патната исправа“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција

Уапсени се две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити

Хрватското обвинителство поднеде обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи