Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Од:

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ продолжуваат со преговорите за коалицирање во новата Влада, а ВМРО-ДПМНЕ влегува во преговорите со 61 пратеник, односно обезбедено мнозинство во Собранието.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски истакна дека покрај 58 пратеници на коалицијата „Твоја Македонија, имаат консолидирано точно 61 пратеник и информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока, но не кажа кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ стигна до парламентарно мнозинство.

– Можам да кажам дека како „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот покрај 58 пратеници кои ги има автентично, очекуваме одлука на Управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6, можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник, но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициски партнери како што е коалицијата „Вреди“, изјави Мицкоски.

Неофицијално, се работи за пратеници на НСДП и ЛДП кои беа дел од предизборната коалиција „За Европска иднина“ предводена од СДСМ. Овие две партии освоија четири пратенички места.

Со 13 пратеници на Коалицијата ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ би имал 74 пратеници, а доколку се приклучи и ЗНАМ на Максим Димитриевски со своитее шест пратеници, ќе има и двотретинско мнозинство кое идниот мандатар Христијан Мицкоски го побара за да донесе неколку клучни измени за функционирањето на извршната власт како што е намалување на бројот на министерства.

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ на првата средба за разговори за коалицирање во новата влада се договориле да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски