ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ги протурка уставните измени за бракот

Од:

Со 47 гласа галса „за“, 26 гласа „против“ и воздржани 12, Собранието го отфрли предлогот поднесен од Владимир Ѓорчев за уставни измени според кои бракот ќе се регулира како заедница на маж и жена.

Пратеникот Владимир Ѓорчев предлогот на ВМРО – ДПМНЕ го бранеше со тврдењето дека 97% од граѓаните во Македонија ги поддржуваат овие уставни измени. Тој го обвини СДСМ дека кога ќе дојде на власт за 10 години ќе го промени Законот за семејство од 1996 година со 42 пратеници.

– На една страна го имаме ВМРО – ДПМНЕ кое ги предлага и поддржува уставните измени, а СДСМ стои полна со хипокризија. СДСМ ги исмејуваат припадниците на ЛГБТ популацијата во Собрание и ниту еднаш не излегоа да ги осудат нападите на ЛГБТ лицата.

Тука говорат дека го заштитуваат бракот меѓу еден маж и една жена, а кога ќе дојдат на власт ќе направат промени на Законот. Во овие два месеци, ниту еден пратеник од редовите на СДСМ не излезе да го осуди нападот на активистот – изјави Ѓорчев.

На неговото излагање му реплицираше пртеникот на СДСМ Игор Ивановски, кој го праша Ѓорчев според која анкета или истражување ВРМО – ДПМНЕ дошле до информациите дека 97% граѓани се согласуваат со оваа уставна измена.

– Предлагате уставна измена, а од вашата пратеничка група зборуваат само тројца луѓе. Останатие не разбираат за што станува збор. Вчера се отвори посериозна тема, што се крие зад оваа агресивност на Влатко Ѓорчев во однос на неговата иницијатива за дефинирање на бракот во Уставот. Да не се работи за нешто сосема спротивно. Ниту самата ВМРО – ДПМНЕ не верува во оваа дебата. Морам да кажам дека СДСМ не користи говор на омраза. Jавноста не ви ја прифати играта, пласирате неколку тези кои постојано ги повторувате – му возврати Ивановски.

Со овој предлог, ВМРО ДПМНЕ сакаше уставно да го дефинира бракот, како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни двојки, во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага