Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Од:

Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо е „монструозно“ злосторство кое „нема никакво оправдување“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Го познавам Роберт Фицо како храбар и силен човек. Многу се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја преживее оваа тешка ситуација“, напиша Путин во телеграмата до словачката претседателка во заминување Зузана Чапутова.

Путин му посака на Фицо, кој беше негов сојузник, „брзо и целосно закрепнување“.

Неколку куршуми беа испукани кон Фицо во Хандлов, град североисточно од Братислава, каде што се одржуваше владин состанок. Полицијата веднаш го совладала напаѓачот, а Фицо бил пренесен во болница.

Бројни европски земји го изразија својот шок и го осудија нападот врз словачкиот премиер со порака дека не треба да има насилство во европската политика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Фицо: Ќе одам во Москва, никој не може да диктира каде можам да патувам

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он