ОЈО: Извршен е увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на „Идризово“

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата.

-Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија, информираат од ЈОРСМ.

Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

23-годишен осуденик од „Идризово“ почина во Клиничкиот центар во Скопје

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ