Во зградата на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука се донесени Драган Јелача од Челинац, како и Валентина Стојановиќ и Давид Костиќ од Лакташ.
Тројката е осомничена дека синоќа околу 21 часот брутално го претепала Саша Кисин од Бања Лука во напуштена куќа на улицата Јована Дучиќ, пишува Српскаинфо.
Траги од крв биле јасно видливи низ целата куќа, за која соседите велат дека е дувло на алкохоличари.
Се уште не се знае дали во овој случај има еден директен сторител на тешко кривично дело или сите тие учествувале во истото.
Тешкото убиство е казниво со доживотен затвор.