Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Од:

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.

Во своето обраќање во Институтот Хувер на американскиот универзитет Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се започне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.

„Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото“, рече Борел, пренесе Анадолија.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски