Агенти на руската разузнавачка служба планирале серија терористички напади во Киев, каде поставиле експлозивни направи во продавниците на познат брент и во близина на кафуле, соопштија украинските обвинители и тајната служба СБУ.
Според истрагата, осомничените требало да постават експлозивни направи во три трговски центри во главниот град и во автомобил паркиран до популарно кафуле во Киев, а потоа планирале да ги активираат.
Акцијата за апсење била спроведена на паркингот на трговскиот центар, каде осомничените планирале да го подметнат последниот експлозив. На двајцата осомничени им е одреден притвор.
Сите 15 експлозивни направи, кои биле маскирани како прехранбени производи, навреме биле откриени и неутрализирани од органите на редот.