Словенечкиот премиер Аленка Братушек, која се обидува да ja избегне потребата од барање меѓународна финансиска помош, изјави дека кон крајот на годината ќе побара гласање доверба на нејзината Влада во Парламентот, поврзувајќи го со усвојувањето на буџетот за 2014 година.
Во буџетот е предвидено намалување на јавните трошоци и зголемување на даноците, со цел сведување на дефицитот на три проценти од бруто домашниот производ до 2015 година, како што настојува Европската комисија. Оваа словенечкиот буџетски дефицит достигна 7,9 отсто од БДП.
Словенечката Влада планира да го претстави буџетот во Парламентот на 30 септември, а законодавниот дом треба да го одобри до крајот на годинава.
– Ќе побарам гласање доверба и ќе го поврзам со усвојувањето на буџетот, истакна Братушек во изјава за државната телевизија.