Карпош – македонски претставник на NEXPO 2013

Од:

Општина Карпош е единствената македонска општина што ќе учествува и ќе се претстави на најимпозантната манифестација на општини во Југоисточна Европа NEXPO 2013, која се одржува од 25 до 27 септември во Опатија и во Ријека, Република Хрватска.

Организатор на  овој најзначаен саем на локални власти во Југоисточна Европа е NALAS, мрежата која обединува 16 асоцијации на 8.000 локални власти од овој дел на Европа, директно избрани од повеќе од 80 милиони жители од регионот.

На овој меѓународен саем на општини на кои се очекува присуство на околу 250 градоначалници од ЈИЕ, високи претставници на Европската Унија и други функционери од регионот, освен локалните власти и здруженија, ќе се најдат на едно место повеќе развојни агенции, граѓански здруженија и бизнисмени од Европа и пошироко. NEXPO 2013 има цел да ја промовира улогата на локалните власти во процесот на децентрализација, поврзувањето и соработката во мрежата на општини, како и во изградба на регионални бизнис-врски и обезбедување одржлив развој на истите.

Сепак, централни теми на дискусија на тридневниот Меѓународен саем на општини на Југоисточна Европа ќе бидат ЕУ-интеграциите и придонесот на локалните власти во таа насока, а во сферата на бизнисот и создавање на можности за инвестиции преку промоција на проекти од сферата на енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија.

Овој меѓународен саем на општини годинава се очекува да има повеќе од 4.000 учесници, кои своите потенцијали ќе ги претстават на околу 4.000 квадратни метри изложбен простор.

Општина Карпош, која важи за една од најурбаните и најразвиените општини во Република Македонија, ќе ја претстави првиот човек на локалната власт, градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој на тркалезната маса на градоначалници ќе говори за можностите и за придонесот што го имаат локалните власти во рамки на своите ингеренции, кон приближување на земјата во процесот кон пристапување на ЕУ, за сопствените искуства во користење средства од ЕУ-фондовите, за проширување на регионалната соработка, процесот на децентрализација и слично. Општина Карпош, исто така, пред потенцијалните инвеститори и експерти ќе им се прикаже и со своите проекти во областа на енергетска ефикасност и користењето обновливи извори на енергија, кои досега успешно се имплементираа кај повеќе колективни станбени објекти, институционални објекти (училиштата и градинките), во комуналната инфраструктура и  во други подрачја на секојдневното живеење и функционирање на Општината.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира