Гренд слем шампионот потврди – се повлекува

Од:

Австрискиот тенисер Доминик Тием потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.

Победникот на УС Опен во 2020 година најверојатно кариерата ќе ја заврши во Виена, каде натпреварувањето е закажано од 21 до 27 октомври.

„Можам да потврдам дека оваа сезона ќе ми биде последна во кариерата. Има причини зад тоа, прво мојот зглоб не е она што треба и го сакав, втората причина е мојата внатрешна причина. Мислев на ова долго, многу долго внимателно размислував за целото патување, што беше неверојатно и бев успешен и освојував трофеи.

Тим е надвор од светскиот врв веќе три и пол години, а се започна веднаш по освојувањето на првиот и единствен Грен слем.

Почнаа проблемите со мотивацијата и психата, а заедно со тоа дојдоа и повредите, пред се на зглобот.

Никогаш не успеа да се врати на претходното ниво, а моментално се наоѓа на само 117 место на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Доминик Тим ќе го пропушти Австралија опен

А1он

Австриецот Доминик Тим се вакцинираше против коронавирус

А1он

Тим го победи Ѓоковиќ, обезбеди финале на Завршниот турнир во Лондон